За Нас - АД Оражерии
АД ОРАНЖЕРИИ с. Хамзали општина Босилово, Струмица е
Акционерско Друштво чија претежна дејност е производство на
раноградинарски култури : разни сорти на домати, краставици, блага
пиперка, лута пиперка, зелка, компир, жито и др.
Произлезено е од трансформацијата и делбата на АДМС ЗИК Струмица -
Струмица и е еден од неговите правни наслендици. Работи врз основа
на Законот за трговски друштва, сопствениот Статут и на начин и услови
како што е запишано во Трговскиот регистар. Уписот на основањето е
извршен на 15.02.2002 година од Основниот суд во Штип под трег.бр.
103/2002. Последните промени во Друштвото се извршени на 07.05.2002
година со одлука за проширување на предметот на работење
заведена под бр.03-411.
Седиштето на Друштвото е во с.Хамзали општина Босилово, иако дел од земјоделското земјиште на кое се одгледуваат погореспоменатите култури се простира и на територијата на с.Банско и с. Балдовци.
Според Статутот и Тековната состојба, висината на основната главнина на Друштвото изнесува 225.648.566,00 денари или 3.639.493 ЕУР .
Според Статутот, управувањето со Акционерското Друштво е организирано според двостепен систем на управување. Друштвото има Управен одбор и Надзорен одбор.
Собранието го сочинуваат сите акционери и нивните застапници.
Друштовто го застапува и претставува Претседателот на Управен Одбор- Васе Митев кој е и главен акционер со повеќе од 90 % акции.
Основната дејност на Друштвото е 01.12/1 - Одгледување на зеленчук, цвеќе и украсни билки и производство на семе од нив.
Во АД Оранжерии с. Хамзали има вработено вкупно 136 вработени на неопределено време и 30 вработени на определено работно време.